УХМР: Променливо облачно и студено време
Објавено на 24 март, 2021 во 08:36
24.03.2021
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, во северните и источните делови со повремени локални врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во источните делови и во должина на Повардарието, локално и над 60 км/час.
Од утре следува период на стабилно време, до сабота со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.
Стефани Манева