Сообраќајот се одвива по влажни коловози, врнежи од снег во Маврово и на планинските премини Стража и Плетвар
24.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планинските премини Стража и Плетвар.
Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница: Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно ќе се затвори сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева