Во недела почнува летното сметање на времето: Стрелките одат напред
Објавено на 24 март, 2021 во 08:47
24.03.2021
Летното сметање на времето ќе почне вo недела, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред.
Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање кое оваа година започнува на 28 март во 02:00 часот.
Часовникот треба да се помести еден час напред. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.