УХМР: Сончево време со мала локална облачност
Објавено на 26 март, 2021 во 08:56
26.03.2021
Времето денеска преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата.
Утре ќе бидат во интервал од -9 до -1, во сабота од -6 до 0, а од недела ќе бидат во позначителен пораст.
Стефани Манева