Малта е прва земја што постигнала колективен имуните

Објавено на 25 мај, 2021 во 10:00

Малиот медитерански остров Малта, имал просечно по три нови случаи на коронавирус секој ден во текот на изминатата недела. Вчера биле пријавени два нови случаи, наведува Ројтерс.

– Една вакцина се дава на секои пет секунди – изјавил вчера министерот за здравство, Крис Ферн на прес-конференцијата, додавајќи дека 42% од возрасната популација примиле две дози, пренесува агенцијата.

Тој додал дека Малта, вакцинирала 70 проценти од возрасната популација со најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, што ја прави првата земја на Европската унија што постигнала колективен имунитет.

Во моментов, сите жители на Малта постари од 16 години можат да се вакцинираат. Ферн истакнал дека и децата на возраст од 12 години и повеќе ќе бидат вакцинирани кога европските медицински власти ќе дадат зелено светло.

Тој исто така најавил дека задолжителното носење маски на отворено ќе биде укинато на 1 јули за вакцинираните лица, се додека има малку случаи на вирус.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.