Маричиќ: ЕУ претставува повеќе можности, фондови и посредена држава – затоа се бориме да влеземе
„Европската Унија претставува повеќе можности, повеќе фондови и посредена држава. Затоа се бориме да влеземе во ЕУ. Европската Унија не е цел сама по себе, туку начин да им помогнеме на граѓаните да имаат повеќе можности да се развиваат и да имаат подобар живтен стандард“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Здраво Македонијо“ на Канал 5.
Тој додаде дека ЕУ претставува синоним и симбол за средена држава, подобри патишта, подобро образование, повеќе можности за вработување и дома и во останатите земји-членки, повеќе можности за развивање на бизниси за заеднички пазар, закони кои важат за сите, подобро судство и општо подобри услови и повеќе можности за граѓаните.
„Нашите граѓани патуваат во Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија и ја гледаат разликата како живеат тие луѓе денес и како живееле пред влезот во ЕУ. На сите кои биле во овие држави им е јасно што значи ЕУ“ кажа Маричиќ.
Тој додаде дека наша задача е да ги трансформираме институциите во рамките на Европската Унија, но и на патот кон неа.