МВР: 114 санкционирани возачи на мотоцикли, седум мотоцикли одземени
Објавено на 3 мај, 2022 во 13:45
Во текот на вчерашниот ден, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Макеоднија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 114 возачи.
-Од нив, 60 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.