Над 438 илјади граѓани заинтересирани за вакцинација
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243.832 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 369.661 дози вакцини, а ревакцинирани се 125.829 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.