Надлежните велат: Ќе се вратиме во нормала кога повеќе граѓани ќе се вакцинираат

Вчера во земјава започна масовната имунизација откако пристигнаа 200.000 кинески вакцини. Регионалните центри во Битола, Штип, Охрид, Кавадарци, Тетово, Куманово и Охрид вчера ги примија првите пациенти. Воедно во земјава доби нова донација наФајзер вакцини од ЕУ.
Исклучително е важно да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-Ние имам директен договор со компанијата Фајзер за дополнителни дози, имаме договор и со Синофарм и оваа доза го олеснува процесот на масовната вакцинација. Имаме договор и со Спутник и тој процес е во тек и ќе имаме договор со Синовак. Кога се работи за живото и здравјето на луѓето од исклучителна важност е да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала.Ние сме народ со јужен менталите, кој е зависен од социјализација, истакна Димитров.
До крајот на месец август ќе ги добиеме сите 119 илјади вакцини од ЕУ.Ова го најави премиерот Зоран Заев.
