Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Објавено на 21 август, 2023 во 12:11

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија продолжува со имплементација на проектот „Успешни млади“, признание кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.

Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2022 година, во следните осум категории: Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки; Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки; Најдобар/а млад/а иноватор/ка; Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост) и Најдобар/а млад/а уметник/чка,“ соопшти кабинетот.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2022 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2022 година е отворен од денеска и ќе трае до 01 октомври 2023 година. Тој е јавно достапен и во него детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите. Објавата на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија е на : македонски јазик: http://bitly.ws/SeWZ, албански јазик: http://bitly.ws/SeXr и англиски јазик: http://bitly.ws/SeXF.

„Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”, соопшти кабинетот на македонскиот Претседател.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.