Облачно време, попладне и вечер дожд
Објавено на 26 септември, 2022 во 09:12
Променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.