Облачно време со повремени врнежи од дожд
Објавено на 21 март, 2023 во 09:33

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура денеска ќе биде од 3 до 7, а во текот на денот ќе се искачи до максимални 18 Целзиусови степени.
Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.
Дума.мк
