Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патот Маврово – Дебар
Објавено на 5 септември, 2022 во 09:15
Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим, комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.