Османи: Нема да одбиеме ниту еден украински бегалец
Денеска ќе имаме прецизна информација од страна на МНР откако ги добивме податоците од секоја државна институција за капацитетите со кои располагаат за прием на беглаци од Украина. Ние нема да одбиеме ниту еден украински бегалец кој ќе стигне на граница, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Напротив ќе биде примен со сите аспекти на хуманитарно згрижување на бегалците. Капацитетите што ги утврдија институциите јас ги имам ставено во табела и денеска ќе ги презрентиран на седница на Влада. Станува збор за бројот на капацитетите кои ги имаме сега во државните институции, што не значи дека доколку хипотетички би имало поголем број на бегалци нема да создадеме импровизирани капацитети и да ги сместуваме, рече Османи во редовниот неделен брифинг со новинарите.