Откриен индиски сој на ковид-19 во државата
Објавено на 7 јуни, 2021 во 11:52
Од Министерството за здравство соопштуваат дека минатата недела е детектиран индиски сој на ковид-19 кај нас, а пациентот кој е заразен се вратил од Ирак.
„Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот ковид-19. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата“, соопшти Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека состојбата на пациентот е стабилна и дека тој не е знак за ризик.