Падна договор меѓу МЗ и здравствените работници
Објавено на 30 март, 2023 во 13:30

Претставниците на синдикатите за здравство попладнево постигнале договор со Министерството за здравство околу нивните барања.
Било договорено да се исплатат по три илјади денари зголемување за сите сестри и по две илјади денари за сите останати вработени во здравство. Покачувањето ќе биде со мартовската плата. Ова го истакнал Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар по состанокот во МЗ.
Додал дека се очекува потпишување на анексот на колективниот договор.
Претходно беше одржан протест пред зградата на Министерството за здравство. Синдикатите се заканија со генерален штрајк во јавното здравство доколку не се исполнат нивните барања.
Дума.мк
