Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

Објавено на 17 мај, 2021 во 10:10

Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет, пишува на својот Фејсбук профил претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија.

-Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата.Денеска но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор, пишува Пендаровски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.