Полициски хеликоптер и „ер трактор“ учествуваат во гаснењето на пожарот кај Дојран и Богданци

Објавено на 8 август, 2022 во 16:49

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека еден полициски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од ДЗС дејствуваат по пожарот на терен кај Дојран и Богданци.

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е се уште активен.

-Од 05.30 часот координирано дејствуваат силите на Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, Доброволно противпожарно друштво Дојран, Комуналец Гевгелија, Комунално Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Валандово, ДЗС – Валандово, МВР ПС Гевгелија и ТППЕ Струмица, за негово гаснење, велат од ЦУК.

Од таму додаваат дека поради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, поради што била побарана воздушна поддршка.

-Истата е обезбедена со еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи и дополнително со авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување, коишто веќе дејствуват по пожарот на терен. Ако со натамошниот развој на настаните се јави потреба од дополнителна воздушна поддршка, ЦУК ќе ја обезбеди, согласно барањата, од Армијата, стои во соопштението од ЦУК.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.