Полицискиот час останува до 1 јуни
Објавено на 19 мај, 2021 во 10:11

Владата донесе одлука полицискиот час од полноќ до 4 часот да остане на сила до 1 јуни по препораката на Комисијата за заразни болести. Останува на сила и одлуката летните тераси на угостителските објекти работат до 23:30 часот.
Министерот за здравство, Венко Филипче, пред неколку дена изјави дека иако нема влошување на епидемолошката состојба, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.
