Груевски и понуди парламентарни избори на СДСМ
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вечерва и понуди на СДСМ предвремени избори кои би се одржале на 13 октомври годинава.
Тој рече дека очекува одговор од СДСМ најдоцна до утре дали се согласуваат изборите да се одржат на 13 октомври, со цел, да се гласа во земјата пред 16 октомври, ден кога Европската комисија ќе ја разгледува препораката за Македонија.
Предлогот на Груевски е затоа што би можела да биде повлечена препораката доколку Комисијата за расветлување на настаните од 24 декември не понуди извештај.
Доколку утре СДСМ се изјасни позитивно, парламентот ќе треба во понеделник да го искористи крајниот законски рок за да распише избори за 13 октомври.
Премиерот предложи и втора опција поточно СДСМ веднаш, или утре, да избере нов претседател на Комисијата и со надлгасување да донесат извештај каков што сакаат.