Поповски: Викендов ќе дува силен северен ветер со брзина од над 70 км/час!

Објавено на 28 јуни, 2025 во 11:59

„Под влијание на стабилна  и на посвежа воздушна маса од север, викендов, 28 и 29 јуни, во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 70 км/час.

И во Скопје  и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4  до 5 степени пониски за  разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.