Преку ден топло до 18 степени

Објавено на 30 март, 2023 во 09:32

УХМР информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови каде повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 0, а дневната ќе достигне од 11 до 18 степени целзиусови.

Утре ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има краткотраен локален дожд. Температурите ќе бидат во пораст.

Во понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и намалување на температурата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.