Променливо облачно и студено со засилен ветер

Објавено на 28 март, 2023 во 09:27

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен до силен ветер од северен правец, кој локално ќе достигне и над 80 километри на час. Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.