Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд и грмежи

Објавено на 15 септември, 2023 во 09:08

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.

Денеска и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено денес и утре. Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.