Променливо облачно време, нестабилно со пороен дожд

Објавено: 6 јуни, 2022, во 09:14 часот

Времето денеска променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина наврнат воден талог), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.