Русија протера македонски дипломат
Русија го прогласи дипломатот на Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата како одговор на протерувањето на службеник на руската амбасада од Скопје.
Како што е наведено во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, вршителката на должноста во Русија, Оливера Чаушевска Димовска, била поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде и беше доставена белешка за протерување.
„Оваа мерка е одговор на неоправданата одлука донесена од Северна Македонија во август оваа година, кога прогласи дипломат на руската амбасада во Скопје за персона нон грата“, се вели во соопштението.
Патем, ова е реципрочна мерка, бидејќи Северна Македонија го протера рускиот дипломат на 17 август. Како што тогаш официјално објави Владата, рускиот службеник беше протеран поради активности спротивни на Виенската конвенција.
Исто така, се наведува дека Владата на тој начин презела мерки за заштита на својата национална безбедност, но и за заштита на безбедноста на сојузниците и сојузот на кој припаѓа.