Серија земјотреси повторно почувствувани во Битола
Објавено: 12 јануари, 2022, во 10:22 часот
Серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилно е почувствуван земјотресот во 4.01 часот кој бил со Рихтерова магнитуда од 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.


