Шекеринска: Не може нашиот оптимизам да се искористи за Бугарија да си ја заврши својата работа

Објавено на 25 јуни, 2021 во 11:54

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска одржа прес-конференција заедно со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

Таа на новинарско прашање поврзано со блокадата од страна на Бугарија вели дека не може оптимизмот од земјава да се искористи за Бугарија да си ја заврши својата работа и додава дека земјава и понатаму ќе продолжи да се однесува европски, не само за да и покаже на ЕУ дека се однесува европски, туку затоа што граѓаните го очекуваат тоа.

– Прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна. Не можете вашиот опптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, но мислам дека попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех, станавме членка на НАТО, затоа што носевме паметни одлуки. Ќе продолжиме да носиме паметни одлуки и да водиме вистински политики, не само за да и покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку знаеме дека македонските граѓани се европјани и дека очекуваат од нас европски стандаради. Со добри резултати убеден сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици, а гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте. Вие видовте дека во последните денови по одлуката на Бугарија посилна е критиката која што доаѓа од другите европски градови, отколку од разочарувњето и критиката која оправдано доаѓа од кај нас, вели министерката за одбрана Шекеринска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.