Скратен е рокот за ревакцинација за лицата кои примиле „АстраЗенека“
Објавено на 12 јули, 2021 во 11:43
Комитето за имунизација одлучи да го скрати рокот за примање на вакцината „АстраЗенека “ од 12 на 6 недели, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Во самото упатство на вакцината постои можност ревакцината да биде дадена на 4 недели до 12, Комитето одлучи кај нас ревакцината да се прими на 6 недели. Кај нас се уште со „АстраЗенека“нема да вакцинира лица помлади од 60 години, кажа Филипче.