Сончево и многу топло, од вечерва намалување на температурата и услови за дожд

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, на повеќе места со брзина над 60 километри на час. УХМР информира дека кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Минималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени, а максималната од 33 до 42 степени.
Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Дума.мк
