Сончево со мала локална облачност
Објавено на 24 февруари, 2022 во 09:25
Денеска времето сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието, повремено со брзина над 60 км/час.
Во следните два дена времето ќе биде стабилно. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во пораст.
Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела.