Сончево време, кон крајот на денот појава на пороен дожд
Објавено на 18 август, 2021 во 09:23
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.