Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози
Објавено на 18 јануари, 2024 во 09:40
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/pat-patista4.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)