Северна Кореја: САД работи на намалување на стравот од „алармантниот“ атомски план!
Додека САД ги негираат извештаите за присуство на воени бродови на брегот на Јужна Кореја, Северна Кореја најави план за рестарт на постројките во комплексот Јонгбион. САД го опишаа планот на Северна Кореја за рестарт на атомскиот реактор како „исклучително алармантен“.
Северна Кореја објави дека ќе ги реактивираат сите постројки во нивниот главен нуклеарен комплекс Јонгбион за да го олеснат снабдувањето со електрична енергија и да ја зајакнат нуклеарната моќ. Реакторот беше исклучен во 2007 како резултат на меѓународните разговори за разоружување кои опстојуваа до сега.
Потегот дојде еден ден по објавата на Пјонгјанг за „нов стратешки правец“, со фокус на нивната нуклеарна програма и економија. Во обид да ги намали тензиите, администрацијата на Обама нагласи дека ќе биде потребно подолго време од вторничната најава за продолжување на нуклеарната програма на Северна Кореја до остварувањето на способноста на земјата да ја обнови нуклеарната програма.
Аналитичарите проценуваат дека ќе биде потребна една година. Потегот на Северна Кореја ја означи најновата ескалација во конфронтацијата чии тензии воглавно растат на дневна основа.
Во средата, односите Северна-Јужна Кореја дополнително се заострија откако Северна Кореја забрани влез на луѓето од југот кои работат во областа на фабриката во Кесонг, на самата граница.
Остана нејасно дали ова е привремена или трајна мерка. Викторија Њуланд, портпарол на Стејт Департментот на САД, на брифинг со новинарите рече: „Како советник за национална безбедност пред помалку од еден месец Том Донилон изјави дека САД нема да ја прифатат Северна Кореја како нуклеарна држава.
Од таа изјава на Донилон, позициите не се сменети. Реактивирањето на Јонгбион ќе претставува директно кршење на меѓународните обврски на Северна Кореја“./Н.Р
Извор: Гардијан
