Пукање на Денот на мајките во Њу Орлеанс!
Објавено на 13 мај, 2013 во 06:50
Најмалку 12 луѓе се ранети а меѓу нив и десетгодишно дете во престрелката за време на парадата организирана по повод Денот на мајките во Љу Орлеанс. Полицијата ги бара напаѓачите.
Вчера попладне биле присутни околу 200 луѓе на парадата кога започнала престрелката, пренесе АП.
Полицијата извести дека ранетото дете е полесно повредено.
Најмалку над четири лица било хирушки интервенирано додека останатите се задржани на лекување.
Никој не е уапсен и сеуште не се откриени причините за престрелката. Полицијата трага по три лица за кои се сомнева дека го извршиле нападот.