(Видео) Инцидент на Канскиот фестивал!
Вистинска животна драма доживеал оскаровецот Кристоф Валц кој вчеравечер, додека давал интервју во едно од студијата на фестивалот, слушнал истрели.
Валц бил повлечен од студиото од безбедносните служби а човекот што пукал бил фатен, а по претресот кај него била пронајдена и бомба. Тој во интервјуто за Дејли меил рекол дека бил исплашен за својот живот.
„ Бев на платформата од студиото на плажата, кога одеднаш се појави човек со пиштол. Мислам дека тоа беше пиштол и тој пукаше, но за среќа, тоа беа „ќорци“ рече Валц.
Извори од полицијата велат дека човекот најверојатно бил луд. Во разцете имал нож, а бомбата била лажна.
Ова е втор инцидент на Канскиот фестивал каде вчера беше украден накит вреден 1,4 милиони долари. Кан е местото каде овие денови се собрани илјадници светски актери, режисери, филмски работници и новинари.
погледнете го видеото:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=3Ee694TgyZ8{/youtube}