ЕП го подржа напредокот на Македонија!
Објавено на 23 мај, 2013 во 14:29
Со големо мнозинство Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година. Гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани. Со оваа резолуција ЕП уште еднаш јасно побара од Советот на Европската унија почеток на преговорите со Република Македонија во јуни годинава.
При гласањето беа усвоени дел од амандманите поднесени од Јелко Кацин и Норица Николаи (Група на Либерали и демократи), додека отпадна амандманот на Корнелисен за грчкиот предлог за името како основа за преговори и тој на Чарлс Танок, кој бараше да не се именуваат посебно „граѓаните со бугарски идентитет“ во делот од Резолуцијата каде се охрабрува преземањето мерки за надминување на поделбите по етничка и национална основа.