Најави за ново вето од Грција во јуни!
Грција преку својот државен секретар во Министерствтото за надворешни работи , Димитрис Куркулас во интерју за агенцијата „Европа“ најави дека на јунскиот самит на Европскиот совет повторно ќе стави вето иако Македонија од Европската комисија едно по друго пет пати добиваше позитивни препораки.
Под изговор дека нашата земја не ги исполнува Копенхашките критериуми, Куркулас во интервјуто во кое открива дека Грција ќе постави ново вето на македонското пристапување кон Унијата, ја откри и рак-раната на неговата земја, а тоа е актуелната македонска Влада. На прашањето со кои земји од ЕУ, кандидати или потенцијални кандидати, Грција има комплицирани односи, Куркулас рече:
– Имаме впечаток дека БЈРМ во последните години не се однесува на начин на кој идниот наш партнер би требало да се однесува. Не можеме да прифатиме почеток на преговорите со Влада, која се однесува на таков начин. Тој при тоа не појасува каков проблем има неговата земја со актуелната власт во Македонија.