(ВИДЕО) Илјадници демонстранти и вечерва на плоштадот Таксим во Истамбул!
Иако Владата во Анкара вчера разговарала со претставници на протестите полицијата вио Турција продолжува да применува сила против демонстрантите. Илјадници демонстранти со знамиња во рацете и вечерва го наполнија плоштадот Таксим барајки оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган на само неколку часа пред неговото враќање од патувањето во странство.
Ердоган од Тунис им порача дека преуредувањето на паркот Гези ќе продолжи и покрај демонстрациите.
Ердоган се враќа вечерва во Турција, а демонстрациите продолжуваат и понатаму иако како што јавува ББС, тие се надевале на некаков компромис.
Во нередите во Турција починаа четворица граѓани. Полицискиот службеник Мустафа Шари е еден од загинатите.Toj паднал од мостот при судирот на демонстрантите со полицијата.
Исто така и турскиот активист Етем Сарисулук им подлегна на повредите, откако претходно лекарите прогласија дека е во кома, а 22 годишниот Абдула Комерт припадник на Републиканската народна партија починал од удари по главата.
Првата жртва на нередите во Турција е 20 годишниот Мехмет Аивалитас кој почина кога такси удри во група демонстранти.
Еве зошто протестираат демонстрантите во Истамбул:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=RoA52Ms9Kyc{/youtube}