Плоштадот Таксим не спие!
Илјадници демонстранти повторно го зазедоа централниот истамбулски плоштад Таксим. Осми ден бараат оставка од премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Му пркосат на барањето на премиерот да се откажат од протестите затоа дојдоа со музика и антивладини пароли но без напнатоста од синоќа.
Ердоган синоќа пред своите симпатизери побара веднаш да престанат антивладините протести во Турција.
– Не можеме да останеме неми пред оние кои го реметат мирот и се обидуваат да ја реметат демократијата- рече Ердоган.
Турската влада призна дека полицијата употреби прекумерна сила над одредени демонстранти.
Демонстациите во Истамбул започнаа пред нешто повеќе од недела дена, поради владиниот план да се урне паркот на плоштадот Таксим, поради изградба на трговски центар.