Голи Откок од озлогласен затвор до Центар за решавање конфликти
Студенти на архитектура понудија проект за реконструкција на злогласниот затвор на Информбирото, Голи Оток во Хрватска, јави Радио Канал 77.
Според идејата, затворот станува Меморијалниот музеј и конгресен центар.
Под водство на професорот,Словенецот Зига Крешевиќ од Архитектонскиот факултет во Грац, 36 студенти во април беа во посета на Голи Оток.
Студентите учествуваа на работилница за разгледување на содржината на затворот, каде загинаа многу неистомисленици на тогашниот режим.
Проект менаџерот Крешевиќ вели дека проектот предвидува музеј, каде што посетителите Голи може да дознаат за ужасната историја на местото и ќе биде простор за работилници.
Вториот дел предвидува основање на центар за решавање на конфликти, каде ќе дебатираат светските лидери, чии земји се во конфликт.
