Два земјотреси на Халкидики
Објавено на 22 август, 2014 во 07:36
По ноќешниот на Халкидики, нов, посилен земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер стресе во 8, 27 часот во Егејското Море, покажуваат податоците на Европскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот е на 214 километри. од Атина, на 91 километри од Лариса, на 54 километри од Полигиро и на 16 километри од Полихроно.Според светскиот сеизмолошки центар податоците се за 5,1 степени по Рихтер.
Претходно земјотрес со интензитет од 2,9 степени по Рихтер е регистриран во 4,30 утрово, на околу 400 километри јужно од Софија, според сајтот на Европската сеизмолошки центар. Земјотресот е во реонот на Певкохори, полуостров Халкидики.Потресот е регистриран на длабочина од 8 километри.
