Руското МНР загрижено за Гошинце и предлага меѓународна помош за враќање на редот во Македонија
Длабока загриженост изрази руското Министерство за надворешни работи по информациите за инцидентот на косовскиот дел од македонско-српската граница кога група вооружени лица ја освоија караулата Гошинце на македонска страна.
Реакцијата ја пренесува порталот МКД, а според руското МНР, ваквиот инцидент покажува дека на овој дел од Балканот и натаму има длабоки етнички тензии и место за потенцијални конфликти.
„На оваа ситуација примарно влијание има сериозниот недостиг на владеењето на правото и безбедноста во Косово, што очигледно е последица на нерешениот косовски проблем како целина.
Тоа повеќе не може да се игнорира, како и сè позачестеното присуство на великоалбанските слогани. Се надеваме дека напорите на македонските власти да го врати редот во проблематичниот регион на земјата ќе ја добијат потребната меѓународна поддршка“, додаваат Русите.