“Ноќните волци” ќе ја тужат Германија
Рускиот рокерски клуб “Ноќните волци”, кој организира мототура низ Европа по повод 70 години од победата над фашизмот, заедно со свои европски колеги во најскоро време ќе поднесе тужба против Германија, изјави во “Известија” неговиот лидер Александар Залдостанов.
“Во најскоро време ние ќе поднесеме тужба во судот против Германија за забраната да не пути и за оништување на визите, а исто така и за депортација на наши членови. Во моментов ги собираме сите потребни документи. Заедно со нас тужба ќе поднесат и нашите европски колеги. Тие веќе не замолија да најдеме германски адвокат кој да се заземе со случајот “, рече Залдостанов. На крајот на април германските власти ги анулира визите издадени на некои од членовите на “Ноќните волци” и им забранија да влезат во земјата. Според германските власти визите беа откажани поради обезбедени неточни податоци. Рокерите исто така претставувале потенцијална опасност од нарушување на јавниот ред. Според лидерот на “Ноќните волци” слични активности се нелегални бидејќи визите биле добиени официјално, и тие се “рокерски клуб, а не забранета екстремистичка организација”
Извор:Радио Слободна Европа