Британците гласаат, лабуристите со поголема шанса за коалиција
Милиони Британци ќе гласаат денеска на едни од спорните парламентарни избори во историјата на Велика Британија, забележуваат локалните медиуми. Околу 50 илјади изборни места ги отворија вратите во 7 часот по локално време во Велика Британија.
Вкупно 650 пратеници ќе бидат избрани во 650 реони на земјата. Околу 50 милиони луѓе имаат право на глас. Паралелно во 279 регионот во Англија ќе се одржат локални избори за повеќе од 9 илјади места во општинските и градските совети . Ќе бидат избрани градоначалници на Бедфорд, Лестер, Копленд, Менсфилд, Мидлзборо и Торбеј. Тоа значи дека секој гласач во Англија – без Лондон, каде што нема локални избори – ќе поднесе најмалку две гласачки ливчиња.
Некои веќе гласаа по пошта. На претходните избори во 2010 година 15% гласаа по пошта приодѕивот беше 65% . За прв пат луѓето ќе можат сега да гласаат и онлајн.
Изборните места ќе ги затворат вратите во 22 часот по локално време . Конечните резултати се очекуваат во петок попладне.
Парламентарните избори се сметаат како едни од спорните во историјата на Велика Британија, бидејќи двете главни партии, Конзервативната партија и лабуристите, се со израмнети позиции.
Најновото истражување на “Гардијан” / ICM дава 35% поддршка на конзервативците и лабуристите . По нив се Партијата на независноста со 11%, либерал-демократите со 9%, 5% за Шкотската национална партија во Велика Британија, но во Шкотска се очекува да биде прва со над 40%, Зелените добиваат 3% и други – 1%.
“Гардијан” претставува евентуални конфигурации на местата во парламентот. Двете главни партии заземаат 273 места во 650-члениот парламент , каде за мнозинство се потребни 326 места. Но се претпоставува дека ако ниедна партија не обезбеди мнозинство , може да преживее при гласање на доверба со 322 гласа.
Шкотската национална партија може да добие 52 места, Зелените едно место, други партии- 21 место, Партијата на независноста би донела 3 места, а либерал-демократите – 27 места.
Лабуристите (273 места) и Шкотската национална партија (52 места) можат да соберат 325 места. Оваа коалиција меѓу конзервативците и либерал-демократите би собрала 300 места(273 + 27 места). Друга опција е лабуристите да коалицираат со Шкотите, Зелените, Социјалдемократска и работничка партија, други партии, што може да им даде 332 места.
Лабуристите и либерал-демократите би собрале 300 места.Лабуристите, Шкотланѓаните и либерал-демократите би собрале 352 места – доволни за силно управување.Конзервативците, либерал-демократите, Партијата на независноста и други би собрале 312 места.
Според истражувањата лабуристите имаат поголема шанса за коалиција.
Минути по отворањето на избирачките места лидерот на евроскептичниот Партија на независноста Најџел Фараж го објави својот глас во градот Рамсгејт , Источен Кент. Тој се бори за место во Јужен Тана. Фараж се обидува по шести пат да стане пратеник во британскиот парламент, и до сега е без успех.
Лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд, заедно со неговата сопруга Џастин Торнтон,гласаа во Донкастер, Јужен Јоркшир.
Претседателот на Шкотската национална партија Никола Стрџан гласа со нејзиниот сопруг во источниот дел на Глазгов.
Извор:Локално.мк