Нов силен земјотрес го погоди Непал
Нов земјотрес го погоди Непал, во близина на градот Намче Базар. Овојпат, земјотресот близу Монт Еверест беше со јачина од 7,4 степени, за разлика од оној на 25 -тти април со јачина од 7,8 степени.
Потресот бил почувствуван дури во главниот град на Индија, Делхи, како и во главниот град на Бангладеш, Дака. Силни потреси биле почувствувани во главниот град на Непал, Катманду, кој беше тешко оштетен и при претходниот земјотрес.
Епицентарот бил 83 километри источно од Катманду во рурална област блиску до кинеската граница. Ударот бил во длабочина на 18,5 км, според Американската геолошка одредба. Земјотресот на 25 април пак, бил на длабочина од 15 км.
Очевидците велат дека земјата се тресела долго време и дека се кренала прашина и камења летале од блиската планина.
Извор:Радио Канал 77