Запалено македонското знаме на спортски натпревар во Косово
Објавено на 15 мај, 2015 во 09:21
Спортски инцидент се случи во Косово, а во центарот на вниманието е нашето државно знаме. Имено на кошаркарскиот меч, во Пеќ, помеѓу Пеја и Приштина домашните навивачи кои себеси се нарекуваат „Шќипоњат“ го запалиле македонското знаме.
Како што пренесува „Gazetalajmi.com“, покрај палењето на знамето домашните навивачи имале истакнато навредливи транспаренти за Куманово и транспаренти со поддршка на „УЧК“. Исто така, тие во текот на целиот меч ги навредувале Македонците од тимот на Приштина, репрезентативниот центар Бојан Трајковски и тренерот Марјан Илиевски.
Сличен инцидент се случи неодамна кога кошаркарскиот клуб Куманово гостуваше на Косово во натпревар од БИБЛ лигата.