НАТО го поддржува територијалниот интегритет на сите во Европа
Објавено на 28 мај, 2015 во 10:29
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата силно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите европски земји.
Говорејќи во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон тој изјави дека НАТО ќе работи да обезбеди соседите на Алијансата, како Грузија, Молдавија и Украина да останат стабилни и независни.
„Овие земји не се тампон зона, тие се независни суверени држави. Тие имаат право да изберат нивен пат и ние ќе им помогнеме во тоа“, рече Столтенберг.
Според него, руската провокативна реторика во врска со нуклеарното оружје била многу опасна.
Извор: Радио Слободна Европа