Склучен првиот хомосексуален брак во Албанија
Објавено на 1 јуни, 2015 во 08:32
Во Албанија се склучи првиот хомосексуален брак. Бракот е склучен помеѓу двајцата британци Доналд Холдер и Мајкл Краен кои подолго време живеат и работат во Албанија.
Двајцата мажи бракот го склучиле во британската амбасада во Тирана и нивниот брак е прв кој јавно се склучува меѓу две лица од ист пол.
На церемонијата присуствувале и двајца претставници на ЛГБТ заедницата од Тирана.