Ципрас-Сакаме долгорочен договор со кредиторите
Објавено на 16 јуни, 2015 во 14:19
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека неговата земја сака да постигне долгорочен договор со кредиторите.
Според него, главниот фактор, кој го блокира договорот, е различниот став на кредиторите од ЕУ и од ММФ за реструктуирање на долгот. Тој нагласи дека е важно да се стави крај на маѓепсаниот круг и повеќе да не бидат принудувани да прифаќаат договори, кои по шест месеци ќе ја вратат земјата во истата состојба.
Извор:Радио Слободна Европа